Попладнево се одиграа сите пет мечеви од првото пролетно коло. На мега – дербито во Кичево, каде силите ги одмерија Шкупи и Шкендија, триумфираше шампионот со 2:0. Можеби има замерки за првиот гол на Шкупи, но реално тимот од Чаир беше поквалитетен тим, покажа многу повеќе и заслужено победи со што веројатно ја “откачи“ Шкендија од битката за титулата. Ова беше осми меч по ред во кој конечно нема реми, туку еден од двата тима некој тим победи.
Алварез во првото полувреме стрелаше за 1:0, за да Трапановски во судиското продолжение ги постави конешните 2:0.
Екстра значајна победа за Шкупи.
Во Кавадарци, во второто дерби, Тиквеш и Струга ТЛ одиграа 1:1. Со тој бод стружани остануваат лидери. Мишов донесе водство за Тиквеш во 45.минута, за да во 87.минута Кочоски со прекрасен шут од слободен удар ги постави тие конечни 1:1.
Работнички со головите на Ѓуриќ и Велкоски, посебно ефектен беше овој вториот, на рутински начин дојде до победата од 0:2 во Прилеп кај Победа. Очекуван и лесен триумф на тимот од Градски парк.
А.Пандев со голот на Ергемлидзе успеа да освои златни три бода на гостувањето во Ѓорче.
Во Штип, изненадување. Брегалница одигра само 0:0 против Скопје. Деби на Горанз Здравков на клупата на Брегалница со бод.
РЕЗУЛТАТИ – 19.КОЛО
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2:0
(Алварез 36., Трапановски 90+1./)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1:1
(Мишов 45./Кочоски 87.)
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0:2
(/Ѓуриќ 15., Велкоски 90.)
БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 0:0
МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ 0:1
(/Ергемлидзе 74.)
СИЛЕКС (СЛОБОДЕН)