Полувреме: Алварез за водство на шампионот во супер-дербито, водат и Тиквеш и Работнички!

181

Завршија првите полувремиња од првото пролетно коло во ПМФЛ. Најинтересно беше во Кичево, каде се игра супер-дербито меѓу Шкупи и Шкендија. Фреди Алварез во 36.минута постигна гол за водство на шампионот од 1:0. Интересно дерби, со многу шанси и зицери. Сандеј и двапати Хамиди за Шкупи и Хасани и Милев за Шкендија, реално резултатот требаше да биде 3:2 за Шкупи. Сепак треба да се каже дека во текот на акцијата пред да падне голот, можеби имаше фаул за Шкендија, но немаше реакција од судиите на овој меч.

Во Кавадарци домашниот Тиквеш со голот на Мишов има водство од 1:0, исто така и Работнички води во Прилеп кај Победа со 0:1 со голот на Ѓуриќ.

No description available.

На останатите мечеви меѓу Македонија ЃП – А. Пандев и Брегалница – Скопје, нема голови по првите 45.минути.

ПретходноГолем кикс на Аталанта, Лече со трите бода од Бергамо! (ВИДЕО)
СледноЛудница во Париз: Мајсторија на Меси во 90+5.минута за триумф на ПСЖ! (ВИДЕО)