Прв турнир по 4 месеци и веднаш трофеј: Алкараз триумфираше во Буенос Аирес

152

Младата шпанска тениска надеж, Карлос Алкараз е победник на турнирот во Буенос Аирес. Вториот светски рекет во финалето по 94 минути игра го совлада 12-от светски тенисер Британецот Камерон Нори со 6:3, 7:5.

Така тенисерот од Мурсија на својот прв турнир по четиримесечна пауза стигна до пехарот, а покрај 250 поени заработи и чек од 95.305 долари.

Ова беше негов прв пехар во сезоната и вкупно седми во кариерата.

Тој и оваа недела ќе остане на втората позиција на АТП листата, но разликата зад лидерот Новак Ѓоковиќ ја намали на 590 поени.

ПретходноГолеми нереди во Бундеслигата: Четворица навивачи на Шалке прободени завршија во болница (ВИДЕО)
СледноМурињо реди победи, Рома се искачи на 3. место во Серија А (ВИДЕО)