Продажба на Јунајтед: Двете понуди се исти – 5 милијарди фунти, а браќата Глејзер бараат 6 милијарди!

411

Во петок на полноќ истече рокот за купување на акциите на Манчестер Јунајтед. Доставени се две понуди, едната од милијардерот Џим Ратклиф, а втората од шеикот од Катар, Ал Тани кој е газда и на ПСЖ.

Но и двете се со иста цена и тоа од 5 милијарди фунти. Тоа секако дека нема да ги задоволи актуелните газди на клубот, семејството Глејзер, кое бара 6 милијарди фунти.

Како што денеска известуваат медиумите на Островот, браќата Глејзер немаат намера да попуштат во цената, стрикно се бара 6 милијарди фунти.

ПретходноСтоле и Рајо одиграа реми со Севиља (видео)
СледноПелистер едвај го победи Алкалоид, Битола се израдува како да паднала Барса!