Ракометарите на Тиквеш славеа на денешното гостување против Т. Пролет во мечот од пелј-оф групата во домашната Суперлига. На средбата во Скопје, кавадаречкиот тим обезбеди триумф од 29:24.
Подмладениот состав на Пролет очигледно не можеше да му парира на расположениот гостински состав кој знаеше што сака од овој меч во Скопје.
Димовски со шест погодоци беше најефикасен кај Тиквеш, додека вод омашниот тим со седум гола најрасположен беше Палевски. За истакнување е одличната игра на голманот на Тиквеш, Брауновиќ.