Шкендија и шампионот Струмица Никоб запишаа нови победи во заврпшната фаза од домашниот одбојкарски шампионат. По извонредно возбудливото дерби кои лидерите го одиграа во минатото коло, овој викенди имаа прилично лесна задача.
Тетовци на домашен терен освен во првиот сет, не добија посилен отпор од скопски Работнички, додека Струмица Никоб славеше на гостувањето кај Борец во Велес кој одигра одлични два сета, но не успеа да освои ниту еден.
Во зоната за опстанок, Штип и Сушево беа доминантно против екипите на Петровец и Македонија Џио.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (3. коло)
Лирија – Весна Пробиштип 3:0 (25:10, 25:19, 25:20)
Шкендија- Работнички 71&22 3:0 (25:23, 25:7, 25:15)
ГОК Борец – Струмица Никоб 0:3 (13:25, 24:26, 20:25)
Табела: Струмица Никоб 12-1, Шкендија 12-1, ГОК Борец 10-3, Работнички 71&22 7-6, Лирија 7-6, Весна Пробиштип 6-7.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (3. коло)
Петровец – Штип УГД 0:3 (6:25, 7:25, 9:25)
Сушево – Македонија Џио 3:0 (25:19, 25:15, 25:11)
Универзитет во Тетово – слободен
Табела: Универзитет во Тетово 5-7, Штип УГД 5-7, Сушево 3-9, Петровец 2-11, Македонија Џио 1-12.