Холанѓанка урна атлетски рекорд стар 41 година (ВИДЕО)

114

Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори речиси 41 година стариот светски рекорд во сала на 400 метри на холандското национално првенство.

Имено, до овој викенд актуелниот светски рекорд изнесуваше 49,59 секунди и беше во сопственост на легендарната чешка атлетичарка Јармила Кратохвилова, која тој резултат го постигна на 7 март 1982 година. Но, тоа веќе не е најдоброто време на сите времиња. Младата, 22-годишна Холанѓанка го спушти времето на 49,26 секунди.

„Може ли подобро од ова? Не знам, но знам дека ја одработив мојата речиси совршена трка. Да, верував и се надевав дека можам да одам околу 49,5. Но и за мене овој резултат е големо изненадување“, изјави Бол, која на последните Олимписки игри во Токио го освои бронзениот медал на 400 метри со пречки.

ПретходноБарселона го „среди“ Кадиз и остана на +8 пред Реал (М) (ВИДЕО)
СледноЛ`Екип: Забавите во домот на Нејмар траат и по 48 часа, врескаат жени а тој плаќа казни од 135 евра!