Да потрошиш околу 700 милиони фунти во два преодни рока, а притоа и онака да го имаш еден од најсилните тимови во светот, и секако, да губиш од кого стигнеш, е тоа го може само Челзи. Некогашниот европски првак во два наврати.
Се разбира дека фановите се гневни, посебно по онаа вчерашна бламажа кога “сините“ на свој терен загубија со 0:1 од последниот на табелата во Премиерлигата, тимот на Саутемптон.
И на крај, замислете, тренерот Греам Потер вели дека проблемот по сите овие порази не бил кај него:
“Некои личности сметаат дека проблемот е до мене. Јас велам дека не се во право, но јасно е дека секој може да каже што сака и што мисли. Се разбира дека кога ќе загубиш дома со 0:1 тогаш секоја критика е разбирлива“ рече покрај другото стратегот на Челзи.