Анчелоти на полувремето имаше што да им каже на судиите!

557

Реал Мадрид ја совлада Осасуна на гостински терен со 0-2 во рамките на 22. коло во Ла Лига. Првото полувреме беше изедначено, не видовме голови, но затоа нервозата беше голема особено во редовите на „кралскиот“ тим.

По првите 45. минути во центарот на вниманието беше Карло Анчелоти. Откако судијата означи крај на првото полувреме тој веднаш отиде кон него. Иако подели три жолти картони на домашниот тим, Анчелоти беше бесен поради агресивноста на фудбалерите на Осасуна, според него санкциите требало да бидат поостри.

Италијанскиот стратег посочи за Винисиус Жуниор, кој воопшто не беше поштеден од страна на противникот, а судијата како да ја имаше веќе изгубено контролата.

По овој натпревар, Реал Мадрид останува втор на табелата со 51 бод, пет помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Барселона, која прави големи чекори кон титулата.

Она што следно го очекува Реал Мадрид е гостување кај Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Таа средба ќе се одигра за два дена на „Енфилд“.

ПретходноКошаркар кој не игра во НБА-лига победи во натпреварот во забивање (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Мега-дерби, Шкупи и Шкендија на мегдан….есенскиот првак на гости во Кавадарци!