По само две одиграни кола во плеј-аутот, Голден Арт и Никола Матлиески ја раскинаа соработката. Од клубот излегоа со соопштение во кое се вели дека во следните неколку дена ќе го соопшти името на неговиот наследник.
“Ракометниот клуб Голден Арт ја информира македонската спортска јавност дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески. Од името на клубот му благодариме на Матлиески за досегашната соработка и за неговиот придонес во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани.
Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот, со кој ќе ја продолжи борбата за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија“, информираат од Голден Арт.