Во првиот меч од неделната програма од 23.коло во Серија А, Аталанта дома беше поразена и тоа од Лече со 1:2. Голем кикс на тимот од Бергамо во трката за пласман во Лигата на Шампионите. Лече поведе со голот на Сесеау во 4.минута, Блин зголеми на 0:2 во 74.минута.
До крајот домашната Аталанта успеа само да намали на 1:2 и тоа со голот на Хојлунд во 87.минута.
Големи три бода за Лече, голем кикс на фаворитот.