Кристоферсен, конечно, со злато oд СП, прв медал за Грција!

80

По долги години на чекање Хенрик Кристоферсен стана светски првак во машкиот слалом во алпски дисциплини. Норвежанецот имаше лоша прва трка и беше далеку од првото место, но имаше прекрасна завршница во вториот за златен медал.

Кристоферсен стана петтиот претставник од Норвешка со златен медал во слаломот по Стејн Ериксен (1954), Кетил Андре Омод (1993), Том Стиансен (1997) и Себастиан Фос-Солевог (2021). На СП пред две години Кристоферсен го освои бронзениот медал.

Среброто замина во Грција. Тоа е прв медал на СП во алпско скијање за нашиот јужен сосед. Медалот го освои Еј Џи Гинис. Тој беше втор во првата трка, во втората имаше агресивен настап меѓутоа недоволен за да го измести Кристоферсен од првата позиција.

Третото место му припадна на Алекс Винацер, кој беше шести по првата трка, а по втората се искачи три места погоре.

Австрија за првпат по 1987 година не освои златен медал на СП во алпски дисциплини.

ПретходноРашфорд „пука“, Јунајтед победува, Де Геа го престигна Шмајхел (видео)
СледноГол на Адеми и асистенција на Ристовски, Динамо триумфално во Вараждин