Рашфорд „пука“, Јунајтед победува, Де Геа го престигна Шмајхел (видео)

393

Во 24.коло на Премиер лигата Манчестер Јунајтед го победи Лестер со 3:0  и му се приближи на второпласираниот ривал Манчестер Сити на табелата. Одлични настапи имаа голманот Де Геа кој имаше две-три прекрасни интервенции, но и Маркус Рашфорд кој игра во супер-форма и денеска даде два гола.

Рашфорд ги постигна првите два гола на натпреварот, а конечните 3:0 ги постави Џејдон Санчо во 61. минута.

На мечот Давид Де Геа го престигна легендарниот Петер Шмајхел по најмногу мечеви без примен гол. Шпанецот има 180, Данецот остана со 179.

ПретходноДиректорот на ПСЖ се симна, го седна Галтие и почна да им вика на играчите
СледноКристоферсен, конечно, со злато oд СП, прв медал за Грција!