Квича Кварацкелија, соиграчот на нашиот Елиф Елмас, има фантастична сезона. Тој е еден од оние фактори кои придонесоа Наполи,веројатно, да ја освои титулата во Серија А.
И токму затоа Грузиецот е трансферна цел на речиси сите големи и богати европски клубови.
Њукасл со 60 милиони евра сака да го купи на лето, но тоа е премалку. Ново е тоа, според шпански “АС“ е дека Реал Мадрид се вклучува во трката за Кварадона, како го нарекуваат фановите на Наполи.
Се напоменува дека дури “кралевите“ испратиле и понуда до Аурелио де Лаурентис, газдата на Наполи, но планот на наполитанците е со Кварацкелија да потпишат нов договор и во него да стои откупна клаузула од цели 150 милиони евра.