Тотенхем го победи Вест Хем и скокна во Топ 4 (видео)

57

Екипата на Тотенхем им се врати на победите. По дебаклот од Лестер (4:1) вечерва на свој терен лондонскиот тим го победи градскиот ривал Вест Хем со 2:0 и со овие бодови направи скок на четвртото место на табелата во Премиер лигата.

Головите за Тотенхем ги постигнаа Емерсон Ројал во 56. минута и Сон во 72. минута.

Тотенхем има 42 бода по 24.кола, еден повеќе од петтиот Њукасл.

Вест Хем е во опасната зона со 20 бода, а тимовите што се пред него и се „сигурни“ Борнмут и Евертон имаат по бод повеќе.

ПретходноЛавовска победа на Пелистер 2 против Бутел Скопје!
СледноЈувентус ја совлада Специја и врза три победи (видео)