Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори речиси 41 година стариот светски рекорд во сала на 400 метри на холандското национално првенство.
Имено, до овој викенд актуелниот светски рекорд изнесуваше 49,59 секунди и беше во сопственост на легендарната чешка атлетичарка Јармила Кратохвилова, која тој резултат го постигна на 7 март 1982 година. Но, тоа веќе не е најдоброто време на сите времиња. Младата, 22-годишна Холанѓанка го спушти времето на 49,26 секунди.
„Може ли подобро од ова? Не знам, но знам дека ја одработив мојата речиси совршена трка. Да, верував и се надевав дека можам да одам околу 49,5. Но и за мене овој резултат е големо изненадување“, изјави Бол, која на последните Олимписки игри во Токио го освои бронзениот медал на 400 метри со пречки.
World record race 👀
4️⃣9️⃣.2️⃣6️⃣ 🤯
Watch how Femke Bol tears up the track at the 🇳🇱 championships in Apeldoorn 🔥
⬇️
— World Athletics (@WorldAthletics) February 19, 2023