Медиумите во Италија: Нема играч од средниот ред како Елмас во Серија А!

4074

Иако не секогаш е стартер во тимот на Наполи, сепак Елиф Елмас, Дијамантот од Македонија, веројатно ја игра својата најдобра сезона во Серија А во дресот на идниот шампион. Неговиот тим има предност од 15 бода пред вториот Интер и само катаклизма може да го спречи тимот на тренерот Лучано Спалети да не дојде до титулата по повеќе од три децении.

А за тоа секако заслуга има и самиот Елмас, за кого бројките и прерфомансите говорат многу.

Па така медиумите во Италија, а посебно “Corriere del Mezzogiorno“ смета дека Елмас не само што на секој меч приредува фудбалско шоу, туку тој според бројот на головите и минутажата која ја има е најдобриот играч за врска во Серија А.

Најдобри бројки и перфоманси. Според одиграните минути и постигнатите голови нема играч од средниот ред како него во Серија А. Елмас на секои 139 минути постигнува по еден гол, во оваа категорија е подобар и од Кварацкелија. Елмас е ас во ракавот на Спалети, посебно во Лигата на Шампионите“ пишува овој медиум за нашиот Дијамант.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Лесно му е на Шкупи со Алварез
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)