Преговорите меѓу Челзи и Мејсон Маунт за нов договор се прекинати. Веста ја објавија блиски извори до лондонскиот клуб.
Актуелниот договор на Маунт со лондонскиот клуб е до летото 2024 година, но фудбалерот ќе влезе во последната година од договорот од следната сезона, што секако ќе биде проблем за „сините“ да го задржат во тимот подолго време, а можат да го загубат и на слободен трансфер.
Според „Атлетик“,Челзи упатил неколку понуди до Маунт за нов договор, но сите биле одбиени. Во моментов преговорите се прекинати, а Челзи ќе се обиде да продолжи со разговори со фудбалерот и неговиот агент по завршувањето на сезоната.
Доколку не успее, тогаш управата ќе ја одобри продажбата на Мејсон за да не го загуби бесплатно во летото 2024 година.