ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

240

Кога ќе се победи една Шкендија, и тоа ќе се победи со стил, кога тактички ќе го надмудриш својот голем ривал во едно мега – дерби, тогаш јасно е дека тренерот на таа екипа заслужува да биде прогласен за тренер на колото. А тоа е Гоце Седлоски, стратегот на шампионот кој вчера со својот тим успеа да слави над тетовци со 2:0. Седлоски “диригираше“ од клупата, а неговите момци одиграа сосема квалитетно колку за прв меч од пролетниот дел.

ПретходноМедиумите во Италија: Нема играч од средниот ред како Елмас во Серија А!
СледноПоследното видео со Атсу: Тој беше главниот во соблекувалната на Хатајспор на неколку часа пред трагедијата! (ВИДЕО)