Утре во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, тимот на Реал Мадрид патува за Англија каде шт на Енфилд му гостува на Ливерпул.
Денеска и официјално беше објавен составот на тимот од Мадрид, а во него е воочливо дека се наоѓа Карим Бензема. Тој го пропушти мечот против Осасуна викендов, но очигледно дека се е во ред со него.
Од друга страна пак, Карло Анчелоти нема да смета на ветеранот Тони Крос, како и на Аурелиан Чуамени за овој дуел.
📋✅ Our squad for the match 🆚 @LFC!#UCL pic.twitter.com/VwdG1L0B3S
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) February 20, 2023