Валенсија тоне – ни новиот тренер Бараха не ги помрдна работите (видео)

167

Тимот на Валенсија подолжи по старо иако на клупата пред неколку денови седна Рубен Бараха. Џенаро Гатузо доби отказ поради слабите резултати, привремениот тренер Воро не ги поправи работите, а и новиот стратег Бараха тргна со пораз.
Валенсија го запиша петтиот пораз по ред, односно осум меча нема победа (едно реми, другото порази).
Вечерва, во 22.коло Валенсија е поразена на гостувањето кај Хетафе со 1:0. Голот падна во 82 минута, а го постигна Борха Мајорал. Во првото и на почетокот на второто полувреме Валенсија имаше одлични можности за гол, но голманот на Хетафе не дозволи топката да заврши во мрежата.
Хетафе забележа вредна победа во борбата за опстанок и сега има 22 бода, додека Валенсија е претпоследна со 20 бода и дури 12 порази.

Getafe [1] – 0 Valencia – Borja Mayoral – 82′

Video Getafe [1] – 0 Valencia – Borja Mayoral – 82′ was uploaded to Streamin.me on Feb 21, 2023.

ПретходноToрино не му дозволи на Кремонезе да се израдува на првата победа
СледноПоранешен боксер живее со две жени, а сега има и љубовница!