Гостивар со почетничка грешка, можни се службена победа за Пехчево и одзимање на бодови

4113

Тимот ан Гостивар, инаку лидер на ВМФЛ конкуренцијата во моментов и еден од главните кандидати за пласман во ПМФЛ, прави почетничка и воедно и многу сериозна грешка на стартот на пролетната полусезона.

Во првото пролетно коло при победата над тимот на Пехчево со 1:0, за Гостивар настапил Гордијан Христовски, кој според правилата и прописите нема право на настап. Причината за тоа е фактот што еден играч нема право на настап за повеќе од два клуба во една една сезона. Христовски има настап сега за Гостивар, а претхдно за Скопје односно Тетекс.

Тоа значи дека автоматски следува казна, односно регистрација на мечот со службени 3:0 за противникот и евентуално одзимање на бодови.

Можна е и жалба од трета страна засегната во целиот случај, поточно еден од клубовите кои се претенденти за местото кое во моментов го држи Гостивар.

 

ПретходноIN MEMORIAM: Крсте Чакар (1937-2023)
СледноСтруга Трим Лум и МЃП в сабота го стартуваат новото коло во ПМФЛ