Иако посакувањата на сите во таборот на лидерот пред средбата во Кавадарци да се освојат сите три бода, сепак на крајот резултатот меѓу Тиквеш и Струга Трим Лум гласеше 1:1.
Ова беше натпревар од првото пролетно коло во ПМФЛ.
За тоа како го виде мечот во Кавадарци, свој коментар има стратегот на стружани Срѓан Захариевски:
„….“Пред се честитки за сите актери на натпреварот, кој по мое мислење беше над просекот во мак фудбалот, пред се честитки од аспект на борбеноста, акциите, шансите, доста тензичен и пред се убави голови, каде мора да се истакне голот на нашиот играч, Валентин Кочоски. Можам да кажам дека имавме повеќе од играта и дека создадовме шанси, но сепак кога ќе се собере се, мислам дека нерешениот резултат е реален, бидeјќи ние имавме негатива од првото полувреме” истакна Захариевски.