Клоп пред мечот со Реал: Загубивме во Париз, сега можеме да ги исправиме работите

143

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, разговараше за новинарите во пресрет на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Треба да одиграме два супер натпревари за да поминеме. Многу сум среќен што можеме да го играме овој натпревар сега, а не пред неколку недели. Очекувам „Енфилд“ да бидат на нозе. Да бидеме пак заедно“.

Карло Анчелоти е најопуштениот тренер што некогаш сум го сретнал во мојот живот. Брилијантен, интелигентен, сладок и неговото однесување е на сосема поинакво ниво од нас останатите. Го почитувам и му се восхитувам. Тие имаат тим од светска класа и тие привлекоа неколку исклучително возбудливи млади играчи.

Мислам дека не треба да ја споменуваме играта во Париз минатата сезона за да го направиме овој натпревар посебен. Тогаш загубивме и предноста во спортот е што сега можеме да ги исправиме работите“, рече Клоп.

Потсетуваме, натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра на „Енфилд“ во вторник на 21 февруари, со почеток во 21 часот.

ПретходноЖозе Мурињо од времето кога бил во Реал: И авионот со сите играчи да се урне, ти пак нема да играш!
СледноДоминикали: Формула 1 никогаш нема да се префрли на електрични болиди