Ларс Валтер: Зарем треба да се трошат зборови за квалитетот на Фуксе Берлин!?

126

Утре со почеток од 20:45 часот, ракометарите на Е. Пелистер му гостуваат на германскиот тим Фуксе Берлин. Ова е меч од 9.коло во групата -Д во Европската лига. Германците досега имаат осум победи во исто толку мечеви, и секако дека и против битолчани важат за големи фаворити.

Ларс Валтер, стратегот на Е. Пелистер пред утрешниот меч истакна:

Патуваме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и заздравените ракометари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето“.

ПретходноПоследното видео со Атсу: Тој беше главниот во соблекувалната на Хатајспор на неколку часа пред трагедијата! (ВИДЕО)
СледноЗахариевски: Струга ТЛ имаше повеќе од играта, имавме и шанси, но тие 1:1 во Кавадарци се реален исход!