Л`Екип: Забавите во домот на Нејмар траат и по 48 часа, врескаат жени а тој плаќа казни од 135 евра!

1812

Л`Екип одново се занимава со тоа што Нејмар, мега – ѕвездата на ПСЖ, прави надвор од терените. Имено еден од највлијателните спортски медиуми во светот, речиси секојдневно “вади“ нешто за Бразилецот.

Сега дојде на ред да се каже нешто за фамозните забави или журки што Нејмар ги прави во својот дом, во Бугивал, предградие на Париз. Неговите соседи изјавуваат дека Нејмар ја претерува, посебно тоа што се случило на 5 февруари кога Нејмар го прославувал својот роденден.

Ние сме соседи со Нејмар, ова станува неподносливо. Последната забава почна од 15 часот а заврши на полноќ, некогаш тие траат и по 48 часа. Обично носи цел оркестар и има моќен аудио систем, од силината на звукот ми се тресеа прозорците на мојата куќа. Слушаме како врескаат жени, рикаат мотори. Беше пријавен во полиција, таа дојде и го казни со 135 евра, ништо повеќе. Несфатливо“ велат соседите за Л`Екип.

ПретходноХоланѓанка урна атлетски рекорд стар 41 година (ВИДЕО)
СледноСпектаклот изостана: Тејтум со историски рекорд, победа на тимот на Јанис (ВИДЕО)