Наковски волеј го совлада Јанта во дербито на колото

406

Третопласираниот Наковски волеј го совлада второпласираниот Јанта волеј со 3:2 на гостински терен во дербито на почетокот на втората фаза во Првата македонска женска одбојкарска лига.
По двата пораза во соочувањата во есенскиот дел, струмичката екипа денеска успеа двапати да израмни, а во решавачкиот петти сет да стигне негатива од 10-4 и од 11-5, а со тоа остане во игра за да обезбеди подобра позиција во разигрувањето за титулата. Ковачевиќ, Хаџитосева и Милева одиграа одличен натпревар за Наковски волеј, кој има биланс 11-4, а Собол и Машковска како најефикасни кај Јанта волеј не можеа да го спречат првиот пораз во меѓусебните дуели со ривалките сезонава, за ефект 12-4 на својот состав.

Претходно, Работнички Скопје очекувано го совлада Фит фан волеј во три сета и да го потврди првото место на табелата. Во овој натпреварувачки сегмент, таканаречената Втора фаза-1 ќе има уште пет кола, а потоа ќе бидат формирани полуфиналните двојки. Првата екипа ќе игра со четвртата, а втората со третата.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, (1.коло)
Работнички Скопје – Фит фан волеј 3:0 (25:13, 25:16, 25:13)
Јанта волеј – Наковски волеј 2:3 (25:13, 18:25, 25:20, 25:27, 13:25)
Табела: Работнички Скопје 14-1, Јанта волеј КВ 12-3, Наковски волеј 11-4, Фит фан волеј 7-8.

ПретходноЛауреус ги објави номинациите: Меси, Мбапе, Дуплантис, Ферстапен, Кари, Надал, но го нема Ѓоковиќ! (ВИДЕО)
СледноЖозе Мурињо од времето кога бил во Реал: И авионот со сите играчи да се урне, ти пак нема да играш!