На напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар му е дијагностицирано делумно кинење на лигаментите на скочниот зглоб, објави весникот „Л’Екип“.
Се очекува напаѓачот да биде надвор од терените три до четири недели. Нејмар се повреди и беше изнесен од теренот на носилки во победата на ПСЖ со 4:3 над Лил во француската Лига 1 синоќа.
Бразилскиот напаѓач сигурно ќе биде надвор од терените за големото дерби на Франција против Олимпик Марсеј следниот викенд. ПСЖ реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите го игра на гостувањето кај Баерн на 8 март. Првиот меч заврши 0:1 во корист на Баварците.