Дека доаѓањето на Чави на клупата на Барселона промени многу нешта, покажува и новиот рекорд кој Каталонците го соборија синоќа со победата над кадиз од 2:0 во рамките на 22. коло од Ла Лига.
Имено, Барса успеа на 17 првенствени натпревари оваа сезона да ја зачува мрежата празна, што досега не им успеало на ниту еден друг тим во историјата на шпанската фудбалска елита.
Депортиво Ла Коруња во сезоната 1993/94 на 16 натпревари остана со празна мрежа по 22 одиграни средби, но овој нивен рекорд веќе е минато.
Во исто време, Барса постави нов рекорд за најмалку примени голови по 22 кола, бидејќи противниците досега само седумпати ја тресеа мрежата на голот на Тер Штеген. Претходниот рекорд во овој контекст беше девет гола, кој исто така го држеа Каталонците во сезоната 1986/87, а потоа го повторија и Депортиво Ла Коруња во 1993/94 и Атлетико (М) во 2017/18.