Одредени домаќините на групната фаза од Купот на Македонија

279

Ракометната федерација на Македонија преку Комисијата за спроведување на Куп натпревари, ги одреди домаќините за завршницата на националните купови.

Во машка конкуренција како единствени пријавени организатори, во групата „4“ домаќин ќе биде Е. Пелистер, организатор на групата „3“ ќе биде Алкалоид, а организатор на групата „1“ ќе биде Вардар 1961. Т. Пролет ќе биде домаќин на групата 2.

Терминот за одигрување на овие натпревари е 17/18 март, но организаторите дополнително ќе информираат со сите детали околу одржувањето на овие средби.

Во женска конкуреција во групата 1, три клуба заеднички ќе организираат турнир, додека немаше кандидати за организација на натпреварите во другите групи. Така, таму ќе се играат според распоредот, а домаќин е екипита со помал натпреварувачки број.

Куп на Македонија – Мажи:

Група 1 – Скопје – „Јане Сандански“

РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД

РК ЈУНИОР К.В – РК СКОПЈЕ 2020

Група 2  – Скопје – „Македонско сонце“

РК РАДОВИШ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

РК ПРОЛЕТ 62 – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7

Група 3 – Скопје – „Автокоманда“

РК ПРИЛЕП – РК ВАРДАР НЕГОТИНО

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД

Група 4  – Битола – „Боро Чурлевски“

РК СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ 2014

МРК КУМАНОВО – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Куп на Македонија – Жени:

Група 1  – Скопје – „Христо Ботанџиев“

ЖРК ЧАИР СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК

ЖРК СКОПЈЕ – РК СПАРТАК

Група 2:

ЖРК ВАРДАР – ЖРК ШАМПИОН

РК ДЕСПИНА – РК КУЗМАН ВАРДАР

Група 3 :

ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК АСТИБО

ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЖРК МЕТАЛУРГ

Група 4 :

ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 – ЖРК ГЕВГЕЛИЈА

ЖРК КУМАНОВО – СЛОБОДЕН

ПретходноРоманецот Ковач ќе ја суди мега-пресметката меѓу Ливерпул и Реал (М)
СледноКалин со нов скок на АТП листата, сега за нови 16 места