Романецот Ковач ќе ја суди мега-пресметката меѓу Ливерпул и Реал (М)

77

УЕФА денеска ги потврди имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на утрешните два меча од осминафиналето на Лигата на шампионите. Романецот Иштаван Ковач ќе го суди утрешниот дерби дуел меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Нему ќе му асистираат сонародниците Василе Маринеску и Овидиу Артене, додека Италијанците Масимилијано Ирати и Марко Гуида се назначени за одговорни за ВАР собата.

Иштаван Ковач само еднаш досега му има судено на Реал Мадрид и тоа минатата сезона во полуфиналето на Лигата на шампионите со Манчестер Сити, кое заврши со резултат 4-3 во корист на Англичаните. Романецит утре за првпат ќе му суди меч на Ливерпул.

Дуелот во Франкфурт меѓу Ајнтрахт и Наполи на нашиот Елиф Елмас, пак, ќе го суди португалскиот интернационалец Артур Диаш. Нему ќе му асистираат сонародниците Соарес и Рибеиро, додека во ВАР ќе бидат Мартинс и Пињеро, исто така од Португалија.

ПретходноОдбраната на Барселона урива рекорди: Примија само 7 гола на 22 првенствени меча!
СледноОдредени домаќините на групната фаза од Купот на Македонија