Според пишувањето на медиумите во Англија, Кристијано Роналдо добил неочекуван бонус од 600.000 евра од својот клуб Ал Наср. Познато е дека тој и неговото семејство, цели два месеци престојуваа во “Кралскиот апартман“ во супер луксузниот хотел со 5 ѕвездички „Four Seasons“ во Ријад, кој е на два спрата со вкупно 17 соби.
Сметката била нешто повеќе од 600.000 евра, но фудбалерот не платил туку тоа го сторил неговиот клуб Ал Наср, како благодарност до него што, ете, дошол во нивниот клуб.
Ова му доаѓа дека Ал Наср плаќал по 10.000 евра од ден за престојот на Роналдо во хотелот.
Инаку од пред некој ден Роналдо и неговото семејство живее во супер вила која се наоѓа во предградието на Ријад, во населба каде што не важат шеријатските закони.