Тимот на Јанис Адетокумпо го победи тимот на Леброн Џејмс со 184-175 на синоќешниот Ол Стар натпревари во НБА лигата одржан во Солт Лејк Сити.
Најавениот спектакл изостана, а главните актери на мечот делуваа понезаинтересирано од претходно, но на крајот имаше доста кошеви и на двете страни.
Џејсон Тејтум пружи историска партија и го заврши натпреварот со рекордни 55 поени, соборувајќи го претходниот рекорд кој го држеше Ентони Дејвис со 52 поени. Одличен беше и Донован Мичел со 40 поени, Демиен Лилард постигна 26, а Лаури Марканен 13.
Во тимот на Леброн Џејмс, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ го заврши мечот со 4 поени, 5 скока, 6 асистенции и 2 украдени топки, додека Лука Дончиќ имаше 4 поени, 2 скока и 5 асистенции. Тука Џејлен Браун беше најефикасен со 35 поени, а Кајри Ирвинг и Џоел Ембиид постигнаа по 32, но Ирвинг реализираше и 15 асистенции.
Јанис Адетокумпо одигра само 20 секунди, пријави повреда и по забивањето за првите поени од мечот, направи прекршок, ја напушти играта и не се врати на теренот. Леброн Џејмес играше малку повеќе, цело прво полувреме беше на паркетот.
Тејтум соборувајќи го рекордот стана МВП на оваа средба.