Струга Трим Лум и МЃП в сабота го стартуваат новото коло во ПМФЛ

328

Со мечот помеѓу актуелниот есенски шампион, тимот на Струга Трим Лум и Македонија ЃП ќе стартува следното 20 коло од домашниот ПМФЛ шампионат. Овој дуел е закажан за в сабота од 14:00 часот во Струга, а сите останати дуели ќе се играат в недела 24 часа подоцна.

За потсетување, екипата на Струга во премиерното пролетно коло во Кавадарци одигра 1:1 против Тиквеш, додека пак тимот на МЃП на домашен терен загуби од Академија Пандев со 0:1.

 

ПретходноГостивар со почетничка грешка, можни се службена победа за Пехчево и одзимање на бодови
СледноХасани е ок, наскоро повторно на терен