ТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Лесно му е на Шкупи со Алварез

519

Првото пролетно коло или вкупно 19. коло од тековната сезона, мина во знакот на мега – дербито меѓу Шкупи и Шкенија, а ова дерби пак мина во знакот на Фреди Алварез. И не само поради првиот гол, туку и поради се она што играчот за врска од Костарика покажа во дресот на шампионот на овој меч кој заврши со резултат 2:0 за чаирчани. И дефинитивно лесно му е на Шкупи со Алварез. Токму затоа е играч на колото според “Спортмедиа“.

Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и Абдула, кој кога требаше најмногу спаси чист гол, а и Брдаровски кој бепше одличен по таа десна страна.

Голман е Ефремов од Скопје, тим кој што освои голем бод во Штип, одличена настап за “пиратите“ имаше и Тодоров. Струга ТЛ освои бод во Кавадарци благодарение на прекрасниот гол на Кочоски, инаку за Тиквеш водство донесе Мишов. Од Работнички тука се Ѓуриќ и Велкоски, додека од А. Пандев во тимот на колото се Димов и стрелецот на победничкиот гол Ергемлидзе.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ФРЕДИ АЛВАРЕЗ

Тим: Шкупи

Роден: 26.04.1995 во Костарика

Кариера: Саприса, ЦС Уругвај, Деп. Муниципал, АДР Џиракал, Хереидано, Шкупи

ПретходноНејмар речиси сигурно го пропушта реваншот со Баерн
СледноМедиумите во Италија: Нема играч од средниот ред како Елмас во Серија А!