Фудбалска Србија ќе бира помеѓу Џајиќ и Видиќ

1373

На една недела до крајот на конкурсот за кандидадура за нов претседател  на Фудбалската Федерација на Србија две имиња испливуваат на површина. Тоа се двете летенди на фудбалот во Србија, Драган Џајиќ односно Немања Видиќ.

Две икони на Црвена Звезда, секако од две различни генерации и етапи од истријата на некогашниот Европски и Светски клупски првак, и имиња кои и тоа како оставиле белег, а и заслужиле да го водат фудбалот во Србија.

Џајиќ како искусен фудбалски работник кој беше дел од најголемите успеси на Звезда како функционер, а Немања Видиќ како ново име кое се појавува во раководните струкури, откако до неодамна беше еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Медиумите во Србија велат дека и обајцата ќе имаат сериозна поддршка и дека засега не се гледа кој ќе може да го преземе претседателското столче.

 

ПретходноВладимир Глигоров е нов тренер на Голден Арт!
СледноДибиров ќе игра минимум до 42 години, потпиша нов договор со ППД Загреб