Ѓоковиќ го израмни рекордот на легендарната Штефи Граф!

387

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја започнува својата 377. недела на врвот на АТП листата, израмнувајќи го рекордот на легендарната германска тенисерка Штефи Граф!

Следниот понеделник, тој веќе сигурно, ќе го собори рекордот.

Ѓоковиќ за првпат беше на врвот на АТП листата на 4 јули 2011 година, а сега, неполни дванаесет години подоцна, се уште е таму.

По освоената титула на АТП турнирот во Ротердам, Данил Медведев се врати во Топ 10 и сега е осми, едно место зад Феликс Ожер-Алиасим и Холгер Руне.

ПретходноСпектаклот изостана: Тејтум со историски рекорд, победа на тимот на Јанис (ВИДЕО)
СледноТелото на Кристијан Атсу пристигна во Гана каде ќе биде погребан