Toрино не му дозволи на Кремонезе да се израдува на првата победа

89

Во последниот меч од 23.коло во Серија А екипата на Кремонезе одигра 1:1 на гостувањето кај Торино. Мечот имаше интересен тек, Торино поведе со голот на Санабрија во 41 минута, а изедначи Тсаџут во 54 минута и водство за тимот од Кремона донесе Валери во 74 минута.
Сепак, домашните не им дозволија на гостите да се израдуваат на првата победа во Серија А сезонава. Пет минути подоцна Синго постигна гол и Торино извлече 2:2.
Кремонезе има 9 бода и скор од 9 нерешени и 14 порази. Торино е на деветтото место со скор 8-7-8.

Инаку ова е 30-ти дуел меѓу овие две екипи, а Торино е во предност со 20-5 во победи.

 

ПретходноДоминикали: Формула 1 никогаш нема да се префрли на електрични болиди
СледноВаленсија тоне – ни новиот тренер Бараха не ги помрдна работите (видео)