Жозе Мурињо од времето кога бил во Реал: И авионот со сите играчи да се урне, ти пак нема да играш!

6118

Конечно е откриено Жозе Мурињо кој играч најмногу го мразел, на кого му го фрлил пикот. Ете, тоа да ти бил Педро Леон од времето кога “специјалниот“ беше во Реал Мадрид. Тој посакувал по секоја цена да му ја уништи кариерата на несреќниот Педро Леон.

Да се урне авионот со сите играчи а ти останеш дома и тогаш нема да играш“ еднаш му се развикал на Леон стратегот од Португалија.

На прашање на новинарите зошто во составот го нема Педро Леон пред еден натпревар, Жозе нервозно одговорил:

Вие зборувате за Педро Леон како да е тој Зидан, Ди Стефано или Марадона, ма ајде, не морам да го оправдувам неговото отсуство“.

ПретходноНаковски волеј го совлада Јанта во дербито на колото
СледноКлоп пред мечот со Реал: Загубивме во Париз, сега можеме да ги исправиме работите