Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле нема да има време да се опорави за натпреварот против Реал Мадрид, пренесува „Марка“. 25-годишниот напаѓач се повреди на натпреварот против Жирона на крајот на јануари.
Веќе е познато дека Французинот сигурно нема да може да учествува на полуфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против Реал, кој ќе се одигра на 2 март во Мадрид.
Французинот се надева дека ќе се врати во игра пред натпреварот против Атлетик Билбао, закажан за 12 март.