Лејсон Зеќири сепак ќе игра за Македонија, Јончевски го поведе за Словачка и Норвешка!

563

По завршувањето на вториот и последен тренинг во СРЦ „Кале“ во Скопје, селекторот Александар Јончевски го одреди и конечниот список на 12 кошаркарки ќе трргнат на пат за Словачка и за Норвешка.

Селекторот Јончевски се определи за скоро истиот состав кој ги одигра последните два натпревари, оние против селекциите на Данска и на Норвешка кои беа дел од ноемврискиот „прозорец“ нa ФИБA, одиграни во Гевгелија.

Ново име во ростерот на „црвено-жолтите“ е кошаркарот на Сигал Приштина, Лејсон Зеќири.

Високото крило ќе ги чека своите први минути во сениорскиот национален тим на средбите со Словачка закажана за 23. февруари, во Левице, и против репрезентацијата на Норвешка, натпревар кој е предвидено да се игра на 26. ноември (недела), во Осло.

Добро е познато дека Зеќири пред две години одби да настапи во дресот на Македонија не одговори на повикот на Драган Бајиќ, неофицијалниот изговор беше дека не сака да настапува во „црвено-жолтиот“ дрес.

За решавачките средби од „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025, селекторот Јончевски смета на следните кошаркари:

Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Страхил Николов (ТФТ).

ПретходноНова дојава за бомба во ФФМ!
СледноМакедонија У17 на тест против Црна Гора, Милеска го објави списокот!