Манчестер Јунајтед треба да го донесе Турам, а не Маунт

1098

Манчестер Јунајтед веќе го крои списокот за потенцијални летни засилувања. Тренерот Ерик тен Хаг сака офанзивни и креативни фудбалери, а англискиот репрезентативец Мејсон Маунт е еден од оние кои ги посакува холандскиот стратег. Маунт не се договори со Челзи за нов договор, па од Јунајтед ќе се обидат да го искористат тоа.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Луис Саха смета дека 24-годишниот фудбалер на Челзи не е вистинскиот играч за тимот од „Олд Трафорд“.

Мејсон Маунт може да се вклопи во кој било тим, но не мислам дека тој не е за Манчестер Јунајтед бидејќи не игра добро. Мислам дека тие гласини доаѓаат од агенти и нема да ги обвинувам медиумите, но преселбата на Маунт на Олд Трафорд не е вистинската одлука во моментов.

Ако ме прашате мене, Јунајтед треба да оти по Маркус Турам. Тој е одлично момче и одличен играч. Има многу енергија, самодоверба и не размислува два пати. Тој е посветен играч и тип кој ви дава гаранции со голови и асистенции. Не е само затоа што е француско момче туку навистина ми се допаѓа менталитетот на играчот и тој имаше мал проблем минатата година, но се врати брилијантно за да оди на Светското првенство. Овој човек е вешт и тактички свесен, тој би бил одличен играч за Јунајтед“, додаде Саха.

Маркус Турам, синот на победникот на Светското првенство во 1998 година, Лилијан Турам, оваа сезона забележа 14 гола и четири асистенции за Менхенгладбах, додека Маунт има само три гола и исто толку асистенции на 31 натпревар во Челзи.

ПретходноСтојиќ: Елмас требаше да дојде во Олимпија, но Мандариќ не сакаше да плати 400.000 евра
СледноАспиликуета е пуштен од болница, наскоро се враќа на тренинг