Промоција на „Прирачник за кошаркарско судење“ од Милојевиќ и Мијалковски!

93

Александар Милојевиќ, комесар за натпреварување и Иван Мијалковски, активен кошаркарски судија промовираа „Прирачник за кошаркарско судење“. Идејата за истиот двајцата автори ја добиле за време на пандемијата со КОВИД 19.

Во книгата со свои текстови се присутни луѓе од кошарката, но и други стручни лица во своите области, кои пак имаат допирни точки со овој спорт.

Кошарката е една од најсложените екипни спортски игри во кои доминираат брзи трансформации од акција во акција во нападот и во одбраната и е резултат на меѓусебна интеракција помеѓу играчите, помеѓу играчите и тренерите и помеѓу играчите и тренерите од една страна и кошаркарските судии од друга страна, истакнаа авторите.

Прирачникот почнува со една изрека на еден од најдобрите фудбалски судии Пјерлуџи Колина „Колку повеќе знаеш, толку подобро судиш“.

На промоцијата на Прирачникот зборуваа и проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и најдобрите македонски и светски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ПретходноЛШ – 1/8 финале: Елмас и Наполи на гости кај Ајнтрахт, мега пресметка на “Енфилд“
СледноХакан Балта посвои девојче кое остана сирак по земјотресот во Турција