Вернер откри зошто не успеал во Челзи

274

Германскиот напаѓач Тимо Вернер имаше импресивни партии во РБ Лајпциг и потоа направи трансфер во Челзи за 60 милиони евра, па по две сезони се врати во Лајпциг. Во разговор со „Сан“ тој откри зошто не успеал на „Стемфорд Бриџ“.

Во првите неколку месеци во Челзи бев добар, постигнував голови, играв добро. Во првата сезона ги одиграв речиси сите натпревари, ја освоив Лигата на шампиони, дадов гол против Реал Мадрид во полуфиналето, асистирав за многу од головите. Но тренерот како да заборави на сето тоа и тоа не е фер.

Најголем проблем беше тоа што во втората сезона Тухел го стави Лукаку во нападот. Тоа ми направи проблем, бидејќи требаше да игра напаѓач кој беше платен 120 милиони евра. Јас сметав дека клубот не покажа почит кон мене. Можеби затоа имав падови и подеми во формата

Одлучив да се вратам во Лајпциг за повторно да уживам во фудбалот“, изјави Вернер.

 

ПретходноДе Лаурентис: Скудето? Поважно ми е да ја освоиме ЛШ
СледноИзгорениот болид на Грожан ќе биде изложен во музеј