Ден на одлука за Алвеш кој по петти пат ја смени изјавата и ги шокираше сите!

513

Дани Алвеш денеска ќе ја дознае конечната пресуда дали ќе остане во затвор до крајот на судењето или ќе биде пуштен на условно четири месеци.

Алвеш моментално е во затвор во Барселона од 20 јануари кога и се предаде на полицијата под обвинение за силување.

Откако минатата недела судот го одби неговото второ барање за ослободување, Алвеш реши да поднесе жалба до Апелациониот суд на Барселона, а денеска ќе ја дознае конечната одлука.

Барањето на Алвеш да биде пуштен на условна слобода од четири месеци беше одбиено бидејќи може да побегне во Бразил. Оваа земја нема договор за екстрадиција со Шпанија, па доколку би заминал таму, нема да оди во затвор додека не влезе во Шпанија.

Во меѓувреме, поранешниот фудбалер на Барселона по петти пат ја смени изјавата, откако беше обвинет, девојката тврди дека ја однел во тоалет, ја заклучил таму и сексуално ја нападнал.

Прво Алвеш изјавил дека воопшто не ја познава девојката, а потоа дека само разговарал со неа. Откако камерите го снимија како ја носи девојката во тоалет, тој повторно ја смени изјавата.

Потоа рекол дека девојката се согласила и дека тој не ја терал на секс, туку дека само се допирале.

На крајот Алвеш призна дека се случило нешто „поголемо“, но даде нова верзија.

“Јас всушност сакав да ја заштитам таа млада дама. Седев во тоалетот, а таа дојде до мене и се фрли кон мене. Не ја допрев. Лажев во претходните изјави за да ја заштитам”, рекол Алвес.

Да потсетиме, жртвата во сведочењето детално го опиша малтретирањето на Алвеш и изјави дека бразилскиот фудбалер има тетоважа на полумесечина на интимниот дел од телото.

Претходно„Л’Екип“ ја откри конечната одлука на Меси за ПСЖ!
СледноНова дојава за бомба во ФФМ!