Костески: Ќе дадеме максимум за подобар резултат против Фуксе Берлин!

64

Е.Пелистер ја продолжува битката во Европската лига, вечерва (20:45 часот) е гостин на Фуксе Берлин во рамките на 9. коло. Битолчани во ова натпреварување зад себе го имаат среќното реми против Агуаш Санташ на домашен терен, се наоѓаат на четвртото, последно место кое води во следната фаза, но истото не е сигурно.

За жал по пропуштената шанса за целиот плен во минатото коло, сега Ларс Валтер и неговите избраници се на тежок тест против лидерот во групата кој нема ниту еден пораз. Битолчани свесни за квалитетот на противникот, но ветуваат маскимална игра за подобар резултат.

„Се подготвуваме за натпреварот против Фуксе Берлин, иако немаме доволно време за припрема. Игравме против Алкалоид, следниот ден заминавме на пат и имаме многу малку време да се спремиме. Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин, мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат“, изјави македонскиот репрезентативец Ненад Костески. 

ПретходноРасел Вестбрук останува во Калифорнија!
СледноБомбата во ФФМ ја одложи комисијата, Вардар единствен се жали за случајот Христовски и Гостивар