Лионел Меси одлучи да не потпише нов договор со ПСЖ. Оваа вест повторно ја објави реномираниот „Л’Екип“ кој до неодамна беше најгласен во известувањето за сигурното останување на Меси во Париз.
Ако го следите текот на на информациите за Меси во последните недели, тогаш очигледно е дека нешто драстично се променило кога тој се врати во Париз, по заслужениот одмор и освојувањето на Светското првенство.
Потсетуваме, каталонскиот новинар Ромеро, спротивно на сите други извори, тврдеше дека Меси во тој момент не сакал да потпише нов договор. Еден месец подоцна, се повеќе угледни медиуми пренесуваат идентични информации, како и вечерва „Л’Екип“.
Деталите не се познати, но може да се погодат од различни извори, а главниот е дека околината на Меси во соблекувалната е неврзана и дека тој не го чувствува тоа заедништво и глад неопходни за трофеи.
Веќе на почетокот на вечерта пишувавме дека ПСЖ размислува да го доведе Томас Тухел, дека Луис Кампос има желби да донесе француски фудбалери и очигледно е дека Меси не е задоволен од сиот тој хаос и немир во пресрет на клучниот меч со Баерн во Минхен во Лигата на шампионите.
Доколку не го победат Баерн, ПСЖ и Меси вторпат по ред ќе испаднат во осминафиналето од Лигата на шампионите, нешто на што Аргентинецот не се надеваше.
Познато е само дека Меси се уште сака да игра во Европа на највисоко ниво…