ЛОИ Париз 2024: Распродадени билетите за мечување, брејкденс, скејтборд…

308

Неколку спортови, меѓу кои мечување и скејтборд, за кои веќе една недела се продаваат билети во пакети од најмалку три се комплетно распродадени, објавија организаторите на Олимпијада во Париз, која започнува за една и пол година.

Среќните добитници се извлечени меѓу трите милиони учесници во лотаријата за оваа прва фаза од продажбата со три милиони билети, но само во пакувања од минимум три и максимум 30 билети.

Мечувањето, искачувањето, BMX во слободен стил, BMX Racing, скејтбордингот, триатлонот и брејкденсот се распродадени уште на стартот од продажбата на билетите за ЛОИ во Париз. Речиси еден милион влезници од трите милиони пуштени во продажба достапни по цена од 24 евра веќе ги нема во продажба.

Меѓу најпопуларните спортови во оваа прва фаза се и атлетиката, одбојката на песок и фудбалот, уверуваат организаторите.

Вкупно ќе бидат пуштени во продажба речиси 13,5 милиони билети – десет милиони за Олимписките игри и 3,5 милиони за Параолимписките игри.

ПретходноПелистер убедливо поразен во Берлин, Мотор – последна шанса за Top16!
СледноДембеле во „аут“ за „Ел Класико“ пресметката во Купот на Шпанија