Вечерва од 21:00 часот продолжуваат возбудувањата во Лигата на Шампионите и тоа со два меча од 1/8 финалето. Вечерва и Македонија ќе има свој претставник и тоа во името на феноменалниот Елиф Елмас кој со својот Наполи му гостува на Ајтрахт во Франкфурт. Се разбира дека наполитанците се фаворити во двата меча во оваа пресметка, од блескавиот состав на Наполи се очекува да ја мине без проблем оваа пречка, но сепак Ајнтрахт Франкфурт е тим кој не смее никако да се потцени, посебно не кога игра дома, ова е тимот кој лани ја освои Лигата на Европа.
Фановите на тимот од под Везув очекуваат тренерот Спалети да му даде адекватна минутажа на Дијамантот кој е во фантастична форма. Ако нема да биде стартер тогаш секако дека ќе добие шанси во второто полувреме.
На вториот меч кој се игра на „Енфилд“ ќе гледаме мега – пресметка, класично европско дерби, реприза од последното финале во ЛШ и тоа меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Лани играа во големото финале во Париз а сега жрепката сакаше силите да ги одмерат рано, многу рано, уште во 1/8 финалето.
Ова ќе биде и тренерски дуел меѓу Клоп и Анчелоти, едни од најдобрите светски стратези во последната деценија и повеќе.
Спектаклот е загарантиран, како и поинаку би можело да биде кога се игра еден ваков меч и тоа на култниот „Енфилд“.
И во двата тима ќе има отсуства поради повреди, но сепак и двете екипи имаат доволно играчи како би одиграле фудбалс за мераци.