Македонија подготвена за Светското првенство во нордиско скијање!

143
Нашиот тим на скијачи е во одлична форма и целосно подготвен за настап на претстојното Светско првенство во нордиско скијање 2023, кое се одржува на прекрасната алпска долина Планица во Словенија.
Сара Јосимовска и Матеја Трајковска ќе учествуваат на квалификациската трка 5km во слободен стил, додека пак, Благоја Најденоски и Давид Торевски на квалификациите 10km во слободен стил.
На Ана Цветановска ѝ претстојат настапи на 1.4km класичен стил, 10km слободен стил, скијатлон 15km (7.5km F/7.5km C), а заедно со Матеја Трајковска ќе ги одмерат силите во категорија тим спринт.
Ставре Јада ќе заземе учество на 1.4km класичен стил, 15km слободен стил, додека, настапот во тим спринт е во друштво на Дарко Дамјановски.
Овогодинешните настапи на Дарко Дамјановски ќе бидат на 1.4km спринт и 15km слободен стил.
Им посакуваме одлични резултати и голем успех на нашите претставници, предводени од тренерот Борче Јовановски.

ПретходноКлоп: Ова е еден од најголемите натпревари во светот, има шанси и Дарвин да игра
СледноЗастрелан повеќекратен шампион од Дагестан